Блиц пишува дека во еден белградски хотел туристи од Австрија направиле вистински хаос и на многу други им го уништиле одморот.
Група туристи од Виена го уништиле дочекот во хотелот „Crown Plaza“. Тие го демолирале хотелот, го гаѓале со камења обезбедувањето и другите гости, го претепале секој што ќе им се нашол на патот, а инцидентот се случил затоа што на масата биле предупредени откако се дрогирале на масата, што довело до непријатни сцени.
-Имаше и повредени од обезбедувањето и неколкумина од нив, надвор се гаѓаа со камења и кршеа се пред себе“, тврди изворот на Блиц.
Никој од вработените во хотелот не сакал да се меша, реагирало само обезбедувањето.
Видеото можете да го погледнете на линкот ТУКА.