Српските медиуми денеска јавуваат дека на 62-годишна возраст починал познатиот музичар Тони Монтано.
Според извештаите на медиумите полицијата затекнале роднина на починатиот Велибор Миљковиќ, попознат по уметничкото име Тони Монтано, која им рекла дека Велибор не им се јавува на телефон и не ја отворa вратата од станот.
Откако нашле бравар кој го отворил станот во фотелја го виделе починатиот музичар. Екипата на итната помош излегла на местото на настанот и констатирала смрт. Истражната екипа извршила увид и го пломбилара станот. Нема траги од насилна смрт – вели изворот.
Да потсетиме, Миљковиќ кариерата ја започна како пејач во панк рок групата „Радост Европа“, формирана во 1979 година. Низ бендот поминале голем број музичари, меѓу кои и Димет Тодоров, кој подоцна станал член на Партибрејкерс и Слободан Лока Нешковиќ, кој подоцна станал член на бендот Урбана герила. Бендот имаше проби и најмногу настапуваше во белградскиот Студентски културен центар, а најмногу изведуваа песни од панк рок групата Рамонс, но и свои песни.