Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Елката во Скопје дефинитивно нема никакви амбиции, но брзо стана хит на интернет и омилена меѓу туристите, пренесува порталот Н1.
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023
„Несреќната“ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ, недовршена, се чини дека не е ни целосно накитена, а згора на тоа и искривена.
Како и кривата кула во Пиза, изјавија некои, па веднаш почнаа да се сликаат имитирајќи ја кривата кула – таа како божем паѓа, а тие како божем ја држат …
Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе pic.twitter.com/YrkiKvRoYQ
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
По исмејувањето почнаа и навредите. „Ваква елка нема ниту на Али експрес“, пишуваат на мрежите. Како народот, така и елката на плоштад: сиромашна, страшна, грда за гледање“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи. „А ако сакате да бидете оптимисти и позитивни и да се чувствувате добро, погледнете како е Скопје“, се потсмева друг, пренесува Б92.
И покрај тоа, токму таквата елка стана една од градските атракции, сите сакаат да се фотографираат со неа, а нејзината „друга половина“ ја нашле – во Битола.
The Demise of the Tomb Raider
"Young Lara attempts to put together the two pieces of the cursed Christmas tree, one located in Skopje, and one in Bitola…" pic.twitter.com/k8fblbIRLd
— The Lyric Tenor (@LirskiTenor) December 19, 2023