Во периодот по погребот, најчесто по шест месеци, семејството на починатиот подига споменик за да им оддаде последна почит на најблиските.
Вака се случи на едно место во Србија, каде што беше поставен споменик, но многу необичен и несекојдневен. Имено, покрај сликите, споменикот има и придружен текст, кој ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.
На самиот споменик, како порака до починатите, се најде текст на култна песна од еден од најпознатите филмови „Титаник“.
Čudan spomenik pic.twitter.com/14U8G8Y9TH
— pensador (@sakriosamime) October 26, 2022
-Еври најт ин мај дримс. Ај си ју ај фил ју. Дат из хао ај ноу ју го он фар акрос де дистанс ин спајсес битвин ас ју хев кам то шоу ју го он ниер фар вер евер ју ар ај булив дат де харт даз го он. Уанс мор. Ју опен д дор. Анд ју хер ин мај вил го он енд он… – пишува на споменикот.
Ваков урнебесен натпис на споменикот секако не е вообичаен, а останува непознато зошто го напишале тој текст. Можеби сопружниците загинале на бродот, а можеби само таа песна ја одбележала нивната љубов, никој не знае.
Претходните денови на социјалните мрежи се појави уште еден случај од ваков карактер. Таткото и подигнал споменик на својата почината ќерка во облик на нејзиниот омилен телефон ајфон и тоа во природната висина на неговата ќерка.
Надгробните споменици понекогаш детално го прикажуваат животот на покојникот, па на српските гробишта може да се најдат споменици во форма на фудбалска топка, телевизор, хармоника и слично.