Почина Боби, најстарото куче на светот. Тој оваа пролет наполни 31 година, а влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарото куче на светот. Сега, ветеринарот кој се грижеше за Боби се огласи на социјалните мрежи со тажната вест.
„И покрај тоа што го надживеа секое куче во историјата, неговите 11.478 денови на земјата никогаш нема да бидат доволни за оние кои го сакаа. Кога го прашавме Леонел неговиот рецепт за исклучително долг живот на Боби, тој брзо одговори: „Добра исхрана, постојан контакт со природа, постојана ветеринарна грижа и љубов. Боби знае дека бил многу сакан’. Боби, ти го научи светот на се што не можеш ни да замислиш“, напиша Карен Бекер.
Боби целиот свој живот го поминал со семејството Коста во Португалија. Неговиот сопственик Леонел имал осум години кога тој и неговата сестра почнале да се грижат за Боби. Тие тоа го криеле од своите родители, но на крајот целото семејство го прифатило кучето.
Знаевме дека тогаш ништо нема да му направат и дека Боби ќе остане со нас. Добивме казна, секако, но вредеше“, изјави Леонел претходно за странските медиуми.
Боби е овчарско куче од Алент, а нормалниот животен век на таа раса е помеѓу 12 и 14 години.
Извор: Kurir.rs/ Index.hr