Дејан Миличевиќ, познат режисер за медиумите во Србија открил дека направил една грешка во спотот за песната „Оди додека си млад“ на Цеца Ражнатовиќ – станува збор за мала грешка, која ја забележале само неколку луѓе, но на Дејан сè уште му пречи.
Во спотот за песната „Оди додека си млад“ има сцена каде млад и згоден дрвосечач влегува во автомобилот на Цеца со секира во рака, наместо да ја фрли. Миличевиќ призна дека го пропуштил овој детал.
„Има една грешка во тоа видео, мислам дека е случајна грешка, но навистина не сум нормален. Дрвосечачот наместо да ја фрли секирата кога ќе влезе во автомобилот, тој влезе сосе секира“, изјавил Миличевиќ за Гранд, додавајќи дека му е жал што грешката останала на видеото.