Неверојатно, но се случило. Сузан Хоџсон од Атланта пронашла куп урнатини на местото на поранешната куќа на нејзиното семејство кога се вратила од одмор.
-Насекаде е голем хаос – изјави Хоџсон за Вага- ТВ, пренесе Гардијан.
Сузан изјавила дека сосетката ѝ се јавила додека била отсутна и ја прашала дали некој е ангажиран да ја сруши нејзината празна куќа.
-Реков дека не. Потоа таа ми рече дека има некој таму кој штотуку ја срушил целата куќа“, рече Хоџсон.
Сосетката се обидела да ги спречи работниците, но ѝ било кажано да молчи и да се грижи за својата работа.
Потоа Хоџсон испратила член на семејството кој побарал дозвола од работникот. Тогаш било откриено дека се работи за грешка. Еден од работниците ја проверил дозволата и признал дека е на погрешна адреса.
-Дворот беше чист, а тревата искосена – рече Хоџсон и додаде дека даноците и сметките биле подмирени.
Таа наведува дека фирмата која ги ангажирала работниците не контактирала со неа.
-Тешко е да се поверува дека некој мисли дека има право да дојде да уништи нешто и да замине без да се врати и да каже „извини“. Што треба да направам? Дали треба да го поправам? Мислам дека ни должат извинување и треба да го средат проблемот – додаде Хоџсон.
Компанијата, пак, соопштила дека го истражува инцидентот и работи на санација на домот.