Младата пеачка и фудбалерот, Анастасија и Немања Гудељ, се главна тема од моментот кога тајно се венчаа во кргот на најблиските пријатели. За тоа дека радоста на голема свадбена веселба ќе ја споделат и со блиски пријатели и роднини, и тоа на две церемонии се дозна неодамна.
Според кажувањето на изворот, романтичното славење првично ќе се служи на морски брег во Шпанија, а потоа следува српска свадба во Белград.
-Кога одлучија да направат свадба, иако венчавката ја направија тајно, знаеја дека ќе биде проблем организацијата, бидејќи и двајцата имаат широк круг на роднини и пријатели, кои се раселени секаде по светот. На крајот паднала одлука да романтичното славење на морски брег мора да биде во Шпанија, а на кое ќе присуствуваат најблиски членови на семејствата и клубските играчи на Немања, а потоа ќе следи вистинска српска свадба во Белград со сватовите од Србија. Свадбата во Шпанија треба да се случи до крајоит на годинава, а белградската во текот на следната, открива извор близок на парот и ги споделува деталите.
-Додека Анастасија води грижа за венчаницата и фустанот кој би го облекла подоцна, Немања е повеќе задолжен за храната и пијалоците бидејќи сака да има посебно мени. Венчаницата на Анастасија ќе ја работи познатиот креатор од Њујорк, а Анастасија таму ќе оди на проба, не се разбирам многу во тие имиња на креаторите, па не запаметив кој е во прашање. Знам дека има добиено нацрт кој во некои делови е правило и дека избрала материјали кои и се понудени за таков модел. Се се работи по нејзините мерки,а од друга страна Немања брала сирењата да бидат од Шпанија и Италија, како и шампањското кое доаѓа од Тоскана.
Анастасија и Немања на прославата во Шпанија ќе соберат 50 гости, меѓу кои ќе бидат и нивните пријатели од Севиља, фудбалери, но и семејството на Анастасија и кумата од Србија. Закупени се соби во еден од најубавите шпански хотели, а Цеца ќе има можност првпат да влезе во куќата која ја имаат купено Анастасија и Гудељ, а која на големо ја опремуваат. Платени се и авионските карт за многу поканети, а невестата посебно се радува на тоа што на свадбата треба да дојдат и Вељко и Богдана со децата.
За разлика од свадбената церемонија во Шпанија, свадбата во Србија ќе биде доста побројна по гости. Тука и цеца ќе има свои гости, како и Гудељ на кој роднините му се во Требиње. Неколку готвачи ќе работат на специјално мени, а декоратерите веќе наголео прават нацрти како се треба да изгледа заедно со помпезниот огномет и тортата на неколку ката. Анастасија е сега во голема збрка, бидејќи освен што работи на изборот на венчаницата и опремувањето на ентериерот на новата куќа, мора да се занимава и со декорација, но и со другите ситници околу венчавката.
Медениот месец е поклон од Цеца
Со оглед на тоа дека на Немања му почнува сезоната во Севиља, медениот месец ќе мора да почека. Сепак, како што се дознава младенците планираат посета на егзотична дестинација која ќе ја искешира Цеца. Штом Немања ќе добие пауза и ќе биде ослободен од секојдневниот тренинг, брачниот пар ќе ги спакува куферите. Се шушка дека Цеца подготвила и подароци изненадувања, и дека е многу емотивна поради тоа мажењето на нејзината наследничка која ќе живее во Шпанија.
kurir.rs/blic