Огнен Здраковски сними нова песна, која е насловена како „Километрима“, коа е на српски јазик, а за неа сними спот во Египет.
За овој најнов музички проект, Огнен реши да соработува со едни од најдобрите музички имиња од Србија, кои стојат како автори на можеби најголемите хитови на овие простори…
Тоа е познатиот композитор Сашко Николиќ кој се потпишува како автор на музиката, текстот го напиша Мира Мијатовиќ, додека пак аранжманот е дело на одличниот Аца Крсмановиќ.
За видеоспотот, Огнен ги избра момците од „Урбан Рекордс“, односно како режисер се потпишува Гордан Божиновиски…
Инаку ова не е прва соработка на Огнен и Сашко, тие предходно соработуваа и за песната „Душа“, а по се изгледа ќе продолжат и во иднина…
Овој најнов музички проект ќе биде промовиран во Скопје, но и во Белград, а телевизиска премиера ќе има и на телевизите на „Гранд“, каде Огнен е ексклузивец.