Наташа Крстевска- Мијата го прослави својот роденден, со прекрасен концерт, кој се одржа вчера вечерта во Куршумли ан, а кој воедно беше и промоција на новиот албум, „Вида“.
Пред да започне концертот, Мијата, како што доликува, ги почести пријателите со торта на која беше насликана насловната фотографија од албумот.
Наташа е автор на поголемиот дел од песните на албумот, кој содржи 13 нумери, но и ја откри смболиката на албумот.
-Насловот на албумот е поврзан со симболот на Св. Вид, Вида е симболика на таа која што прогледала. Музички, „Вида“ е една нова зрелост за мене, рече Мијата.
Но, концертот не беше посветен само на песниоте од новиот албум, туку и со нејзини стари песни. Затоа, пред за им се посвети на постарите хитови таа рече:
-Сега доаѓа секси делот. Подгответе ги колковите,рече таа.
Откако ја испеа „Волшепства“, песната за која пред 15 години сними спот на Куба, раскажа интересна приказна за песната „Панделка“. Прво ја испеа првичната верзија на оваа песна која била на англиски јазик па објасни:
Мијата беше отворена и искена со својата публика, па им раскажа и дека во еден период се повлекла од музиката, а причината седи во првиот ред, нејзините деца, Никита и Калин.
Настанот се одржа во рамките на Скопско лето.
На крајот од концертот, а особено на на најголемиот нејзин хит, „Верувам во себе“, Мијата доби оригинална поддршка од синот и сопругот кои за нејзината љубов запалија факели од горниот кат на Куршумли Ан.
Мијата на концертот ја придружуваа музичарите Валентино Скендеровски- клавијатури, Кире Мирчевски- акустчина и електрична гитара, Горан Гешовски- бас гитара, Ратко Даутовски- перкусии, Иво Митковски -тапани. Придружни вокали беа Мартина Нанеска, Елена Васова и Дино Хриџиќ.
(В.М.(
Фото: Вангел Тануровски