Што говори за вас фактот дека често сакате да споделувате свои фотографии на социјалните мрежи? Кои скриени комплекси или тајни желби, доаѓаат до израз преку фотографиите кои ги објавувате?
Во продолжение, анализа на најчестите видови фотографии на социјалните мрежи:
Разни селфиња
Преголемиот број на селфи фотографии на вашите профили укажува на прекумерна потреба за препознавање и одобрување од другите, егоцентричност, суета и склоност кон нарцизам.
Секси фотографии
Овде не се работи за објави на професионални модели, манекенки, спортисти или познати луѓе од фитнес индустријата. Објавата на секси фотографии испраќа порака дека сте „подготвени за експериментирање“.
Размислете за тоа дали на сите би требало да им се претставувате себеси користејќи го своето тело како мамка?
Фотографии од парови
Тоа е демонстрација на вашиот однос и фактот дека го сметате за силен и долгорочен. Тоа е начинот на кој му кажувате на светот „јас сум сакан/а, не сум сам/а“. Доколку на профилите на социјалните мрежи имате премногу вакви фотографии, тоа е причина да се запрашате зошто ви е потребно сето тоа? Што сакате да им порачате на луѓето преку ваквите фотографии? Можеби имате некоја скриена потреба да му докажете нешто на поранешниот партнер или да победите во „натпреварувањето“ со вашите пријатели кои се помалку среќни од вас.
Групни фотографии
Ако повеќето фотографии на вашите профили се фотографии од забави на кои сте меѓу повеќе луѓе, тоа може да укажува на внатрешна празнина и осаменост.
Деца
Постојат две можности. Ако споделувате фотографии од вашето детство тоа може да значи дека сте уморни од животот на возрасните – од сите одговорности, кредити и хипотеки. Потсвесно ја криете желбата да се вратите во детството и друг да се грижи за вас. Со ваквите фотографии испраќате порака „прегрни ме и грижи се за мене“.
Природа
Повторно – овде не се работи за профили на професионални фотографии. Ако на вашиот профил има многу фотографии со пејсажи тоа може да укажува на задоволство во вашиот живот. Животот е успех, а сега можете да ѝ се восхитувате на природата.
Гламурозен изглед
Изобилството од вакви фотографии на вашиот профил ја открива потребата од нарцисоидна поддршка и емотивни изливи на љубов во вид на ласкави коментари и „лајкови“. И тоа е причината да размислите за алтернативни начини за подигање на вашата самодоверба, независно од „лајковите“ и виртуелниот свет.