Американецот Мајкл Пeкард тврди дека го проголтал кит! Во 2021 година, тој нуркал во потрага по јастози, кога недалеку од брегот на Кејп Код, во американската држава Масачусетс, наишол на кит. Тоа било неговото второ нуркање во денот и тој се упатил кон дното на морето за да фати јастози. На почетокот мислел дека го проголтало големо бело куче, а потоа сфатил дека нема остри заби.
-Одеднаш почувствував голем удар и видов целосен мрак. Можев да почувствувам како китот ги стега мускулите во устата. И тогаш сфатив: ‘Тоа е тоа, ќе умрам. Нема шанси да излезам одовде. Јас сум мртов. Се што можев да замислам беа моите 12 и 15-годишни момчиња, изјави тој за LAD Bible.
Тој мисли дека бил во устата на китот околу 30, 40 секунди. Успеал да побегне движејќи се и, како што тврди, китот ја отворил устата.
-Ја видов светлината, а тој почна да ја фрла главата од една на друга страна. Следно што се сеќавам е дека бев надвор – рече тој.
Откако излегол на површина, бил извлечен од друг член на екипажот. Имал модринки и изместено колено.
Zack D. Films создаде симулација на настанот. Погледнете како изгледа: