Кристијан Коцев -Кико од Долни Балван почина. Малиот Кико кој са сплоти Македонија, собирајки средства за лекување, не дочека да почне лекувањето, бидејќи неговата здравствена состојба се влошиле последните неколку дена.
Цела Македонија четири дена собираше донации за неговото лекување, парите се собраа, а закажаните хуманитарни концерти, како што најавија, нема да се откажат, туку парите ќе се насочат на некое друго дете на кое му е потребна помош.
Лекарите одбиваат да потпишат трансфер на медицински авион, сметаа дека Кико нема да го издржи патот.
Кико боледуваше од ретка болест, во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати.По неколку часа се почувствувал подобро сепак неговото срце не издржа.