Луѓето кои ги сакаат кучињата, но не и мачките, често знаат дека да кажат дека овие животни не им се симпатични бидејќи не знаат да се милуваат како кучињата, туку имаат свој став и своја волја.
Тоа значи дека тие ќе се галат тогаш кога тие сакаат и подобро би ви било да ги оставите на мир кога не се расположени за игра. Сакале да признаеме или не, мачките најверојатно ја сфаќаат поентата на животот многу подобро од кучињата па и од повеќето луѓе на светот, бидејќи тие го прават она што им се прави и не прават компромиси. Затоа, не е лошо да ги научиме највредните лекции на кои мачките секојдневно нѐ потсетуваат.
Ако е гладна, мачката нема да седи и мирно да чека вие да се разбудите и да се сетите да ја нахраните, туку ќе се качи на креветот и нема да ве остави на мир додека не ја нахраните. Исто така, доколку не ѝ го исчистите песокот, таа ќе почне намерно да врши нужда на тепихот веднаш покрај кутијата со песок, додека не си ја завршите вашата работа и не го исчистите она што треба да го исчистите. Дали знаете зошто мачката го прави ова? Затоа што мачката знае што сака, знае како тоа да го добие и не се откажува од својата цел додека не ја постигне. Од овој аспект, има сѐ повеќе луѓе кои би требало земат пример од непокорливоста на мачките.
Една од нашите главни задачи е да ги научиме другите како да се однесуваат кон нас и да им дадеме до знаење дека нема да се согласиме на нешто помалку од тоа. Мачките тоа го прават одлично. Доколку сака да се гали, мачката ќе направи сѐ додека не почнете да ја галите. Доколку пак не сака веќе да се гали, таа ќе ги искористи ноктите за да ви го даде тоа јасно до знаење.
Мачката е таа која одлучува како луѓето ќе се однесуваат кон неа и во однос на ова прашање, таа е многу подобра од повеќето луѓе кои понекогаш не можат да сфатат дека останатите ќе се однесуваат кон нив онака како што самите ќе им дозволат.
Освен тоа, во поголемиот дел од времето кога се будни, мачките се посветени на чистење на своето крзно. Мачката води сметка за себе и кога ѝ се спие таа спие, кога е гладна таа јаде по повеќе помали оброци во текот на денот. Можеби звучи смешно, но мачката многу подобро сфатила како да биде среќна и здрава одошто повеќето луѓе.
Извор: zadovoljna.nova.rs