„Попусто попусти, кога цените се исти“- под ова мото денес граѓаните ги бојкотираат големите маркети, кои забегаа со цените. Потрошувачите се револтирани од таквиот став на газдите на маркетите, па решија да се придружт на акцијата, која се спроведува на цел Балкан, за бојкотирање на алчните газди на маркети.
ММС направи обиколка во големите маркети и се увери дека речиси се празни.
-Нема, нема луѓе од утрово. Не дека никој не влегува ама не е ни оддалеку како што е во нормални денови. Ама затоа вчера беше невидена гужва, беше отворена и четвртата каса, а верувам дека и утре ќе биде преполно. Денов ќе го искористиме да прередиме и да ја избришеме прашината, рече вработена во еден маркет.
Но, додека разговаравме со вработената на каса се појави маж, кој додека наплажаше го сушна муабетото и рече:
-Го поддржувам бојкотот, но не кажувајте дке сте ме виделе дека сум пазарел, рече тој, на што продавачката одговори дека имало луѓе кои утрово направиле и по 6.000 денари промет на една сметка.
-Има луѓе кои искористија што маркетот е празен, нема редица како што е вообичаено, па го искористи тоа да си испазарува без да чека, рече вработената.
Иста слика беше и во останатите големи маркети. Речиси празни маркети, освен овде онде по некој потрошувач кому или не му пречат цените, или, апк, воопшто не слушанал дека денес се бојкотира.
-Го поддржувам бојкотот и тоа не само еден ден туку и цел викенд нека трае. Ова е срмота што направија со цените. Еве кафето повторно поскапе. За друго да не зборувам. Но, не се само газдите на маркетите виновни, виновна најмногу е Владата. Тие на функционерите ненормално си ги покачија платите, а граѓаните останаа со прстот во уста. И демек се грижеле за граѓаните. Се е лага, никој не се грижи за граѓаните. Ние нивните плати цела година не можеме да ги заработиме, рекоа неколку вработени од маркетите.
И додека тие зборуваа помина потрошувач, кој го прашаа: „Не ли го поддржуваш бојкотот“. Потрошувачот се сврте и рече: „А ме поддржува ли мене бојкотот“.
На ова продавачките искоментираа- „тој е војно лице во пензија и секој ден доага купува готвени јадења. Нему цените не му пречат“.
Иста слика беше и во останатите маркети. Во еден од познатите маркети продавачката рече дека не е како другите денови, но дека луѓе влегуваат и пазаруваат.
-Ах, си пазарат. Еве од сабајле имам направено 160 сметки, само на една каса, рече таа и додаде:
-Ама го поддржувам протестот. Ова веќе нема смисла. Не соголија, кажа вработената.
Во друг маркет, пак, освен истата слика од останатите маркети, овде-онде потрошувач една вработена кажа:
-Не треба само еден ден, цел викенд треба да се бојкотира. Се нема веќе усул, кажа таа…
Фото и текст: В.М.