Британскиот пејач Сем Смит (31) долго се бореше со криењето на својата сексуална определба, а сега конечно без проблем се појави на улица онака како што се чувствува најдобро. Овој пат тој беше забележан на улиците во Њујорк, каде што се прошета со своето момче Кристијан Кауан, но целото внимание го привлече нешто друго.
Всушност, пејачот носеше бело кратко здолниште и бела маица, а во текот на прошетката неколку пати со раката го крена здолништето за да се пофали со тетоважата на ногата. Судејќи по фотографиите, тој и неговото момче очигледно биле одлично расположени.
Сем со години ја криеше својата сексуална ориентација, а потоа во мај 2014 година откри дека е хомосексуалец, а пет години подоцна одлучи да открие дека е небинарна личност, односно дека се чувствува и како машко и како женско, во зависност од моментот. Токму поради тоа, тој често носи женствена облека и накит.
Своите обожаватели често сака да ги изненади и со полуголи фотографии и минијатурни костими за капење или долна облека. Сепак, многумина ја осудуваа неговата одлука со оглед на фактот дека уште на почетокот на својата кариера успеа да „собере“ обожаватели од целиот свет, а меѓу нив и такви кои не ги прифаќаат денешните „трендови“ околу сексуалноста.
„Уште кога бев мало дете, мало човечко суштество, ни се чувствував пријатно како маж. Навистина никогаш не се чувствував. Понекогаш ја покажувам својата машка страна, а понекогаш женската. Но некаде на средината на таа промена почнав навистина да се чувствувам многу депресивно и тажно. Не знам кој сум, каде сум, што правам и се чувствувам нејасно и несфатено од самиот себе. Сфатив дека тоа е така затоа што не се вклопувам никаде. Минатата вечер се дружев со мајка ми и таа ми кажа нешто прекрасно, а тоа е дека ѝ е полесно што и јас и членовите на семејството сега имаме начин тоа да го објасниме, бидејќи ме јадеше цел живот. Мајка ми гледаше како јас се мачам“, изјави тој претходно за магазинот British GO.
Но откако открие дека е хомосексуалец и дека се води како родно бинарен, пејачот е многу посреќен и поопуштен, а неговите концерти имаат целосно различна атмосфера.
Сем досега немаше многу среќа во љубовта, па така во 2015 година, четирите освоени Греми награди му ги посвети на поранешниот партнер кој му го скрши срцето и му беше инспирација за албум. Во 2017 година имаше друга врска, но и таа не успеа.
Инаку, Сем е еден од најнаградуваните пеачи на денешницата, зад него се хитовите како I’m Not the Only One”, ”Too Good at Goodbyes” и последниот кој ги сруши рекордите на слушаност. ”Unholy”.