Тејлор Свифт неодамна одржала концерт во Охајо,кој е и почеток на турнејата Ерас.
Концертот бил на стадионот „Пајкор“ и собрала 65.000 фанови
Убедливо најголемо внимание предизвикала жена која на концертот дошла со ќебе на главата и очила за сонце. На интернет кружи интервју со неа, а причината поради која дошла вака облечена е што го излажала шефот дека и е лошо.
„Ја обожавам. За малку ќе ѝ го дадов името на ќерка ми“, изјавила мистериозната обожавателка, пишува Индекс.хр.
Фановите на оваа пејачка се толку посветени на поп-ѕвездата што неодамна беше објавено видео на кое обожавателка носи пелени за да не пропушти дел од нејзиниот концерт.