Жена ja измамила својата партнерка, со кој била во врска две години, дека има секс со маж, се слушнало во вторникот во судот во Кембриџ, Велика Британија.
Телеграф пишува дека 40-годишната Блејд Силвано е обвинета дека извршила „софистицирана“ измама за да ја убеди својата партнерка дека е маж.
На рочиштето, поротниците дознаа дека Силвано и нејзината партнерка се запознале во 2016 година преку интернет-страница за барање романтични партнери, дека двапати имале секс и дека разговарале за брак.
Се верува дека Силвано навлегла во партнерката со „непознат предмет“ и дека таа не ја соблекла кошулата и боксерите за време на односот. На суд се слушнало и дека таа наводно ја принудувала партнерката да носи превез на очите за време на секс и не и дозволувала да ја допира доле.
По две години, партнерката на обвинетата, која на рочиштето на Силвано му се обраќала со „тој“, преку социјалната мрежа Фејсбук дознал дека Силвано е всушност жена.
-Можев слободно да ги движам рацете, да го допрам неговиот грб и пределот околу ребрата. Никогаш не можев да ги ставам рацете под неговата кошула или неговите боксерки. Секој пат ме отфрлаше ме оттурнуваше. Користеше секс играчки врз мене. Ништо друго не смеев – изјави партнерката на обвинетата.
Силвано ги отфрли обвинувањата дека два пати насилно продрела во својата партнерка.
Партнерката на обвинетата рече дека Силвано ѝ кажал дека се презива Мендез и дека не се согласува на врска со жена. Во текот на рочиштето, наводната жртва го отфрли тврдењето дека таа и Силвано „играат улоги“ и дека се работи за исполнување на „фантазија“.
Партнерката на обвинетата ги негираше тврдењата дека со Силвано комуницирала исклучиво преку видео повици и СМС пораки и дека никогаш лично не се сретнале.
Силвано ѝ кажала на својата партнерка дека е ветеринар во британската армија.
Силвано и нејзината партнерка некогаш требало да одат на свечена вечера за офицерите на британската армија, но Силвано ја откажала таа средба бидејќи наводно била повредена од крава.
-Рече дека е повреден од крава. Откако отиде во болница, ми испрати фотографија од крената нога – изјавила партнерката на обвинетиот.
Во судот се слушна и дека Силвано и нејзината партнерка планираат свадба, но одбраната рече дека сето тоа е дел од игра со улоги. Партнерката на обвинетата пред судот изјавила дека отишла да ја проба венчаницата и дека фотографијата на која е во неа му ја испратила на Силвано.
Судењето продолжува.