Големи првомајски протести во Македонија имало и пред еден век, кога сме биле непризнаени и под окупација, во социјализмот првомајското одбележување беше со паради, дефилеа, маршови, пуштање фабрики, денес од сето тоа не остана речиси ништо, се прават некои скромни обиди, но разединето, па годинава ќе има одвоени првомајски маршеви во Скопје на неколку синдикати, а веќе подзабораваме и што беше тоа штрајк – годишно ги имаше по десетина, а лани само еден
Пишува: Љупчо Шатевски
Штрајкови и големи првомајски протести во Македонија имало и пред еден век, кога не сме биле признаени како нација, кога имало странски окупатори. Во социјализмот на 1 Мај имало собири, најчесто различни паради, дефилеа, отворања фабрики, а 2 мај, ден што исто така се празнуваше, беше резервиран за излет и скара. Сега 2 мај е работен ден, не се празнува, па излетот и скарата се поместија на 1 Мај. Така, како да не остана ден за поголем првомајски синдикален собир или протест, а веќе заборавивме и што е штрајк, кои кај нас годишно може да се избројат на прсти. Приватизацијата каква што ја имавме, скратените работнички права, неединството и партиско-политичките влијанија во синдикатите, како и немањето синдикални организации во многу фирми си го направија своето.
Професорот по трудово право на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, д-р Андон Мајхошев, вели дека во Македонија во последните години има само по десетина штрајкови годишно и по приближно толку работнички протести. Тој пред 1 Мај 2006 година, кога беше претседател на Регионалниот совет на Сојузот на синдикатите на Македонија во Штип, објави книга за штрајковите во источниот (брегалничкиот) регион на земјата од 1980 до 2005 година, кога регистрирал околу 350 штрајкови во повеќе од 200 претпријатија и установи. Само во 2002 и во 2003 имало по четириесетина штрајкови во тој регион, во 2004 биле 12, а во 2005 година само четири штрајка. Сега ги евидентира сите штрајкови и работнички протести во Македонија.
Само 24 отсто од вработените се синдикално организирани
– Некогаш само во брегалничкиот регион имаше повеќе штрајкови отколку што сега има вкупно во целата земја. Во 2006 година во Македонија имам регистрирано штрајкови во 17, во 2007 во 18 претпријатија, а од 2008 до 2015 година тој број се движеше од осум до 14. Во 2016 имаше девет штрајкови, во 2017 седум, а лани само еден. Во првото тромесечие од годинава нема ниту еден. И бројот на работничките протести, кога нема прекин на работата, од 2013 до 2017 година е сличен – по десетина годишно. Лани ги имаше 19, а во првите три месеци од годинава – шест. Штрајковите најчесто се во државни и јавни претпријатија и установи. Во приватнот сектор синдикалното организирање е реткост – вели Мајхошев.
Додава дека само околу 24 отсто од вкупно вработените во Македонија се синдикално организирани. Од нив со општи колективни договори биле опфатени сите, а со гранските само 35 отсто.
– Во приватниот сектор во стопанството, каде што многумина газди не сакаат ни да слушнат за синдикално организирање, опфатот е само околу 15 осто. Синдикатите се пред големи предизвици за да се надминат состојбите. Треба упорност и единство, како и да се расчисти со сите партиско-политички влијанија. Веќе заборавивме што е вистинси првомајски протест во Македонија. Повеќе години не се организираа такви собири, а во последните неколку години се прават скромни обиди, но разединето, не под исто знаме, обединето – истакнува Мајхошев.
Паради и дефилеа со „фиќовци“, трактори, џипови…
Постарите Македонци уште се сеќаваат на првомајските паради, дефилеа, пуштањето на по некоја фабрика, па и на по некој протест на Денот на трудот во социјализмот.
Така, во Скопје, на 1 Мај 1960, на пример, се одржала голема првомајска прослава, 15 години по ослободувањето на земјата. Продефилирале колони работници, трактори, на камиони се носеле црвени занмиња и испишани пароли „Пролетери од сите земји, обединете се“, „Самоупрваување“, а во приколките имало и нови машини штотуку купени од некои претпријатија.
Слично во тие години било и во Штип. На парадите и дефилеата низ градот кружеле и првите „фиќовци“, купените нови автобуси, комбиња, џипови од фирмите…
А, првомајски протести и штрајкови во Македонија имало и пред еден век, па и пред тоа. Еден од нив е и тој пред точно 95 години во Штип, на 1 Мај 1924. Со високо развиорено цевено синдикално знаме, на кое пишувало „Да живее 1 Мај“ и со громогласно пеење на песните „Да живее, да живее трудот“, „Работници и работнички, соберете се од сите страни“, „Дружна песна нека екне“, околу 200 работници и работнички, будно следени од тогашните српски жандарми, го почнале првомајскиот протест. Организатор била првата штипска синдикална организација, формирана во септември 1923, која набрзо потоа го организирала и првиот штрајк на чевларските и на шивачките работници.
Не се плашеле ни од џандари ни од затвор
Организираната првомајска поворка во 1924 година тргнала од пред еден дуќан во Горно Маало каде што било седиштето на синдикатот, кој имал посебни секции на шивачи, чевлари, бербери, столари, лимаробравари. Наместо на работа, работниците го почнале првомајскиот протест за поголеми плати и за намалување на работниот ден, кој т
На враќање штрајкувачите застанале кај денешниот парк „Бриони“, каде што продолжиле со работничките и со борбените песни и со извикување пароли. Таму и се фотографирале, а фотографијата и сеќавањата на учесниците од тој настан се чуваат во штипскиот Музеј. Полицијата не издржала и таму интервенирала. Биле уапсени и на по еден месец затворени претседателот на синдикатот, Тодор Аџикимов, и уште петмина. Биле обвинети како организатори на протестот. Во јули истата 1924 година владата на тогашното Кралство на СХС ги забранила независните синдикати и Сојузот на работничката младина во целата држава. Но, и во Штип и во други македонски градови, првомајски собири и протести имало и во следните години.
Денес, пак, штрајкови и масовни првомајски протести гледаме само на телевизија, во странство.
огаш траел десет, а некаде и 12 часа. Поворката минала низ цел Штип, кој тогаш имал речиси четирипати помалку жители отколку сега.
На враќање штрајкувачите застанале кај денешниот парк „Бриони“, каде што продолжиле со работничките и со борбените песни и со извикување пароли. Таму и се фотографирале, а фотографијата и сеќавањата на учесниците од тој настан се чуваат во штипскиот Музеј. Полицијата не издржала и таму интервенирала. Биле уапсени и на по еден месец затворени претседателот на синдикатот, Тодор Аџикимов, и уште петмина. Биле обвинети како организатори на протестот. Во јули истата 1924 година владата на тогашното Кралство на СХС ги забранила независните синдикати и Сојузот на работничката младина во целата држава. Но, и во Штип и во други македонски градови, првомајски собири и протести имало и во следните години.
Денес, пак, штрајкови и масовни првомајски протести гледаме само на телевизија, во странство.