Ако бараш лесен, посен и здрав оброк што ќе го освежи твојот ден – оваа туна салата е вистинскиот избор! Комбинацијата на свежа марула, сочно доматче, крцкава краставица, маслинки и туна е полн погодок – а нежната пченка му дава слатка нота што ќе те освои од првиот залак.
Состојки (за 2 порции):
- 1 конзерва туна (во масло или вода – по вкус)
- 1 марула
- 1 голем домат (или неколку шери домати)
- 1 свежа краставица
- 1/2 шолја варена пченка (или конзерва)
- 10-ина црни или зелени маслинки
- Маслиново масло, сол и лимонов сок по вкус
Подготовка:
Измиј ги зеленчуците, исечкај ја марулата, доматот и краставицата.
Во голема чинија комбинирај ја марулата, доматот, краставицата, маслинките и пченката.
Додај ја туната, исцедена од вишок течност, и нежно измешај.
Зачини со прелив од маслиново масло, свежо цеден лимон и прстофат сол.
По желба, можеш да додадеш крем балсамико за кремаст вкус.
Совет:
Салатата можеш да ја сервираш и како лесна вечера или да ја спакуваш за оброк на работа. Освежува и заситува – без трошка грижа на совест!