Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата и ќе биде додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните и генерално на македонската економија, велат од ВМРО ДПМНЕ.
-Договорот со Обединетото Кралство е историски и важен поради најмалку две причини. Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот. Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Втората група проекти се во здравството, завршување на клиничкиот центар Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово, велат од партијата и додаваат:
-Договорот подразбира отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи проекти какви што досега немало, инвестиции во железницата преку брзи линии, автопати и патишта. Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината и здравството. Договорот носи историски инвестициски циклус со кој Македонија ќе работи, ќе се гради, ќе се развива, ќе напредува, се вели во соопштението.