Одделението за внатрешни работи во Дебар денеска поднесе кривична пријава против дебранец поради узурпација на недвижности, со што противправно се стекнал со имотна корист во износ од 4.722.300 денари.
-Кривична пријава е поднесена против Г.Г.(59) од Дебар, кој на катастарска парцела во дебарската населба „Венец“, неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица и дрвени колци во висина од еден метар, информираше денеска Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Ова е втора кривична пријава во последните неколку дена поднесена под истите сомненија. Претходно, кривична пријава беше поднесна против Р.К.(47) од Дебар за „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење. Тој на катастарска парцела на улица „Елена Ѓика“ извршил доградба на деловен простор без одобрение за доградба, што е спротивно на Законот за градење.