l
Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ направи хаос уште пред да дојде. Денес е објавено дек ќе одржи трет концерт со симфониски оркестар во Скопје, и тоа на 21 март, но овој пат во салата „Јане Сандански“, објави организаторот „МК тикетс“.
Чола доаѓа по пауза од шест години, но овој пат е посебно, бидејќи сега доаѓа со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Новите аранжмани на неговите хитови прилагодени за оркестар ги подготви диригентот Федор Вртачник.
Билетите овој пат се ограничени, бидејќи салата „Јане Сандански“ ќе биде исклучиво со места за седење.