Малиот Јован Станковски(10) од Крива Паланка нема кого не расплака. Во последната емисија „Срце на дланка“ се раскажа приказна кого никого не остави рамнодушен. Две расплакани детски очиња од Крива Паланка ја живеат тешката судбина.
-Да имаме соба да учиме, да имаме кревет, масичка. Да имаме на масата да јадеме,да имаме храна. Не сум среќен. Некогаш сме гладни. Во школо гледам како јадат сендвичи. Некогаш ми даваат другарчињата, некогаш не, гледам. Родителите немаат пари да ми дадат. А сакам да си купам кифла. Ама седам гладен на часови, а некогаш дома јадам. А и дома некогаш има некогаш нема, ако нема цел ден сум гладен. Стомакот ме боли. Татко ми во продавница се запишува вересија да земе брашно за да ни меси леб, рече низ солзи малиот Јован и кажа дека не е среќен, нема елка, нема пакетчиња, а најголемата новогодишна желба му било да имаат храна на масата.
Погледнете ја целата тажна приказна за семејството Станковски, кое има три дечиња и на кои им е потребна помош: