Поради проблемите со водоснабдувањето во Скопје се одложи големата предновогодишна журка за дечиња „Зимска бајка“.
Од организацијата информираат дека новиот термин е идната сабота (28.12.2024).
-Поради новонастанатата сидуација со водоснабдувањето во Скопје настанот „Зимска бајка“ ќе се одржи на нов датуми и тоа на 28 декември (сабота) со почеток во 12 часот. Од Споретскиот центар „Јане Сандански“ сме информирани дека поради овој проблем невозможно е да се одржи настанот, велат од организацијата „M-Sound“ и го објавија официјалното соопштение во кое се вели:
-За жал поради прекин во водоснабдувањето во сабота на 21-ви декември не сме во можност да ја отстапиме големата сала под закуп, се вели во соопштението од „Јане Сандански“.