Васко Ковачевски, екс директор на РЕК Битола се уште не е пронајден, рече денес министерот Панче Тошковски.
-Лицето не е достапно за органите на прогон, ќе сториме се во рамки на Законот за да биде изведено пред лицето на правдата. Вчера имаше многу шпекулации каде се наоѓа и дали се откажал од македонско државјанство. Лицето е државјанин на Македонија и досега не побарало отпуст. Не сакам да шпекулирам повеќе, оставам да работат органите на прогонот, рече Тошковски и додаде:
-Сакам да се заблагодарам на полициските службеници, кои работеа на овој случај. Само вчера има извршено над 30 претреси во домови, два претреси на сефови. Акцијата беше сеопфатна и досега е најголема која е спороведена во Македонија од аспект на штета на буцетот и на народот, створена при енергетска криза кога народот крпеше крај со крај, кога едвај се плаќаа сметки за струја. А луѓе на кои им биле доверени восикоипозиции, луге кои без вработени преку ноќ формирале фирми и заработуваат милионски суми, кои се три пати поголеми од пазарните цени, од реалната. Имало душманско крадење на парите, дрско и бесрамно крадење. Имам порака до сите поранешни и сегашни функционери дека криминалот нема веќе да биде исплатлив во Македонија. Не смееме да дозволиме одредени лица да купуваат луксузни возила, скапи хациенди, миниони евра на сметки и се на рачун на граѓаните, рече меѓу другото Тошковски.