Лепа Брена (64) го скрши скочниот зглоб на третиот концерт во загребската Арена во понеделникот. Таа чекала да излезе на сцената, а снимателот го снимил моментот на инцидентот на сцената. Одел наназад и паднал во лифтот каде пејачката чекала да ја подигне.
Сега во оваа прилика се огласи фотографот Душан Петровиќ, кој беше задолжен за фотографирање на нејзиниот концерт. Тој ги демантираше гласините дека тој е оној кој паднал врз неа.
-Само да пишам јавно овде бидејќи телефонот од утрово ми е полн со пораки. Се што пишува на Твитер и ТикТок е апсолутна глупост и лага. Јас не сум личноста која падна од сцената. Бев на другиот крај на Арената во тој момент, не видов ни кога се случи – изјави фотографот.