Броиме ситно до Новата година, џингл бел звони на секој чекор, а во пресрет на веселите празници, за децата и сите оние што се чувствуваат еуфорично, подготвена е „Зимска бајка“.
Организаторот најавува вистински празник за најмладите на 22 декември (недела) во 12 часот точно напладне во Арената „Јане Сандански“ ќе се случува неколку часовна журка. На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, тука се омилените детски музички ѕвезди: Златните славејчиња ќе пеат и пијат од најбистрите Поточиња во волшебната шума на Биби и Боби, забавува луда ќе има со маските на Pow Patrol.
Празнично, интерактивно, едукативно, а домаќините на ова весела програма се уште повесели внучиња на Дедо Мраз: Андреј и Панчо од ДНК.
Зимска бајка е можност да се испрати старата и највесело да се дочека Новата година, да се разбуди магијата и радост во срцата на сите посетители. Организаторот e D- Sound продукција, a картите можат да се купат на kupikarta.com.