Јапонската полиција денеска соопшти дека уапсила маж кој наводно признал дека упаднал во повеќе од 1.000 домови заради неконвенционален начин за ослободување од стресот.
Полицијата го приведе 37-годишниот во понеделникот под сомнение дека влегол во имот во Дазаифу во јужна Јапонија, изјави портпаролот на полицијата.
„Провалувањето во туѓи домови е мое хоби и го имам направено повеќе од 1.000 пати“, го цитира весникот „Мајничи шимбун“ неименуваниот маж.
„Толку сум воодушевен што дланките ми се потат кога се прашувам дали некој ќе ме открие или не, а тоа ми го намалува стресот“, изјави тој на полицијата, објави весникот.