Веќе извесно време низ светот се „шушка“ дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се разведуваат. Иако на фотографиите делуваат среќно и заљубено, многу обожаватели сметаат дека тоа е само претстава за во јавност. Токму затоа, обожавателите се прашуваат што би се случило кога навистина би дошло до развод.
Како што откриваат извори за Daily Mail, тие предвенчавката потпишале предбрачен договор во кој стои дека војвотката од Сасекс и поранешна актерка, ќе добие 80 милиони долари за алиментација за децата во случај на развод.
Кралот Чарлс знаел за овој документ, но наводно не се согласувал со споменатиот износ. Според други информации, Хари би ја имал неговата целосна поддршка за старателството над децата, а титулата која ја изгуби кога му сврте грб на семејството би можела да му биде вратена.
Многумина забележаа дека Меган Маркл веќе не внимава на однесувањето. Со оглед на тоа дека во последно време не се појавуваат заедно на настани, близок извор тврди дека тие одлучиле секој да се фокусира на својата кариера. Дали тоа значи дека наскоро ќе си тргне по својот пат, останува да се види. Но дури и да се разведе од британскиот принц, Меган би имала доволно пари на сметка за да може да ужива во животот на висока нога.
Извор: najzena.alo.rs