Спонзорирана објава
Скопје, 24.10.2024. Компанијата dm drogerie markt постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот дрогериски синџир постигна напредок во сите клучни области и ја зајакна својата позиција на македонскиот пазар.
Деловните успеси во 2023/24 година беа придружени и со значителна сума на општествено-одговорни донации во износ од околу 8,3 милиони динари.
„Ние сме горди што сработивме уште една успешна година придружена со големи потфати преку кои им се заблагодаривме на заедницата и на купувачите за нивната доверба. Особено сме задоволни што општествено-одговорните кампањи што ги спроведуваме се препознаени од јавноста и дека на некој начин тие претставуваат наша „лична карта“ пред нив. Ќе продолжиме да ја поддржуваме нашата заедница и да работиме на зачувување на животната средина преку конкретни проекти и донации за оние на кои им е најпотребна помош“, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm С Македонија и Србија.
На ниво на групација – dm Австрија и потконцернски земји од Централна и Источна Европа (без Германија и Полска), компанијата оствари вкупен промет од 5,2 милијарди евра, односно раст од 16,5 % во однос на претходната година, ја прошири својата продажна мрежа на 1.947 дрогерии, а бројот на вработени се искачи на 28.353.
Уште поблиску до купувачите
Својата продажна мрежа dm ја прошири на 26 дрогерии во 10 градови, а нови продажни објекти беа отворени во Скопје (3) и Битола (1). Со цел подобрување на пазарувачкото искуство и создавање на уште попријатна атмосфера во своите дрогерии, компанијата вложи речиси 126 милиони денари (раст од 33,5 отсто) во реновирање на постојните и отворање нови продажни објекти. Бројот на вработени во земјава се искачи на 296.
„СЕКОГАШ ПОВОЛНО” – Концепт за долгорочна ценовна стабилност
Еден од пионерските потфати на dm во малопродажната индустрија беше воведувањето на долгорочни поволни цени што остануваат непроменети најмалку четири месеци. Со ценовниот концепт „СЕКОГАШ ПОВОЛНО“ dm придонесува за долгорочна заштеда на пари и време за своите купувачи. Инаку, dm во својот асортиман има повеќе од 13.000 производи, од кои над 3.000 се од висококвалитетните сопствени брендови, како што се Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други, кои нудат идентичен квалитет во сите земји каде што dm е достапен на пазарот. Ова го прави dm најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар.
Проширено портфолио на услуги за целосно пазарувачко искуство
Со воведувањето на „Советничките за убавина“, dm им нуди на купувачите нови услуги, вклучувајќи бесплатно професионално шминкање и одредување на типот на кожата од обучени експерти. Покрај тоа, купувачите можат да се консултираат со сертифицирани дрогеристи, обучени за стручно советување во различни области на дрогерискиот асортиман.
„Од отворањето на првите дрогерии во С Македонија, dm континуирано се смета за компанија што е многу повеќе од бренд, повеќе од продавница, повеќе од работодавец. Нашиот деловен пристап ќе остане и натаму ист, со стремеж да останеме омилено место за пазарување и во наредните години, ставајќи го секогаш човекот во центарот на нашето работење“ – изјави Александра Оливера Кориши, директорка на dm во С Македонија и Србија.
Здравјето на жените во фокусот, со посебен акцент на менструалното здравје и менструалната правда
Кампањата за здравјето на жените е во фокусот веќе втора година, а како дел од неа, dm започна кампања посветена на борбата за менструална правда, најпрво со намалување на цените на влошките и тампоните од сопствената марка Jessa, во рамките на ценовниот концепт „Секогаш поволно“. На женската трка во Скопје, вработените од dm „трчаа за менструална правда“ и донираа 300 пакети со влошки за социјално ранливи категории жени.
Со лансирањето на „Женски ритам“, dm создаде еден поинаков поткаст исполнет со поддршка и размена на знаења од повеќе области од менталното, физичкото и менструалното здравје на жените.
Компанијата dm drogerie markt во 2024 година спроведе кампања за бесплатни дерматолошки прегледи во Скопје и Охрид, при што беа извршени околу 550 дерматолошки прегледи, а околу 30 % од прегледаните биле упатени на подетални испитувања, додека 20 % биле упатени на хируршко отстранување бенки.
Преку платформата за донации и општествено-одговорни активности „{ЗАЕДНО} едни за други“ dm drogerie markt со повеќе од 3 милиони денари ја поддржа реализацијата на 6 најзначајни проекти од овој конкурс што ќе придонесат за подигнување на свеста за менструалното и репродуктивното здравје на жените.
Од средината на октомври 2024 година, компанијата направи уште поголем чекор во борбата за менструална правда, започнувајќи го проектот „Никогаш повеќе сама“, преку кој ќе бидат поставени повеќе од 200 диспанзери за бесплатни хигиенски влошки на сите државни универзитети во РС Македонија.
Социјално одговорна и еколошки свесна компанија
Проектите со општествена одговорност отсекогаш биле важен дел од активностите на компанијата, па така и во деловната 2023/24 година dm ја продолжи со позитивната практика на поддршка на заедницата, донирајќи близу 8,3 милиони за унапредување општествено-одговорни проекти, како и за заштита на животната средина.
Проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, што беше започнат во 2022 година, компанијата го продолжи со 4 успешни акции за пошумување преку кои беа засадени повеќе од 30.000 садници. За реализацијата на овие проекти беа одвоени околу 2 милиона денари.
По повод светскиот ден Black Friday, најголемиот дрогериски синџир традиционално донираше 5 % од вкупниот дневен промет остварен во сите дрогерии во хуманитарни цели. Со помош на купувачите, вкупно беа собрани 405.735 денари, со кои беа набавени пакети храна со основни прехранбени производи, кои преку Хуманитарната организација„Свети Спас“ беа поделени на социјално загрозени семејства.
Работа инспирирана од животот
Со програми за едукација и обуки, вклучувајќи учество на меѓународни семинари, dm создава инспиративна и мотивирачка работна средина. Компанијата ја започна 2024 година со 15 отсто зголемување на бруто-платата за сите вработени, заедно со редовните 14 плати и многубројни поволности за личен и професионален развој. Воведувањето на системот dmGPT ја позиционира компанијата како лидер во примената на вештачката интелигенција во малопродажбата, со цел да им се олесни работата на вработените. Иницијативите, како што е Неделата на родителството и активностите за поддршка на вработените родители, создаваат заедница за размена на искуства и помагаат во одржувањето на рамнотежата меѓу приватниот и работниот живот.
Компанијата dm drogerie markt е исто така носител на сертификатот „Бизнис-лидер“ за 2023 година, што е признание за извонредната работа на компанијата во текот на претходната година и служи како доказ за силната позиција на пазарот меѓу најголемите компании во државата.