Ансамлот „Студио фолклор“ растура во Јужна Кореја. За прв пат после 20 годишното постоење на фестивалот Internacional Chaonen folk dance festival, Ансамбл од Македонија доаѓа на еден од најпознатите фестивали во светот од натпреварувачки карактер…
-Едно полуфинале поминавме, денес второ. Најгорд наставик сум и Македонец од тоа како се претставија моите ученици. Конкуренцијата е исклучително тешка, но слободно можам да кажам ќе влеземе во финале. Што и да се случи горд сум на моите ученици, рече нивниот учител Љупчо Маневски.
На фестивалот учествуваат претставници од 30 земји од целиот свет, како што се Сингапур, Бразил, Аргентина, Чиле,Бугарија, Русија, Казахстан, Индонезија, Кина, Мароко, Германија, Полска и многу други…
На првиот полуфинален дел, кој веќе се одржа само девет Ансамбли од целиот свет влегоа во главното финале..
Ансамбл „Студио Фолклор“ овааа година прослави 10 години од своето постоење и ова гостување во далечната Јужна Кореја е уште едно од големите достигнувања на ансамблот…
Да им посакаме среќа на нашите играорци од Македонија, да ја претставатдржавата во најдоброто светло и да се закитат со една од наградите на фестивалот.