За време на гостувањето во „Амиџи шоу“, Брена зборуваше за двајца пророци кои и ја претскажале нејзината судбина.
„Двајца пророци беа клучни во мојот живот. Кога имав 14 години, бев дете кое не излегуваше многу често. Се сеќавам на моментот кога бев кај мојата сосетка, а потоа дојде еден постар човек кој бараше чаша вода. Кога влезе, праша чија сум, а потоа ми рече: „Оваа твоја ќерка, ќе биде многу, многу позната. Како Тито. Колку што може да види со очите, ќе оди толку далеку“, се присети Брена и солзи и ги заматија очите додека зборуваше за овој емотивен момент.
Брена се сети како, во тој момент, била скептична кон неговите зборови, но ветила дека секогаш ќе се сети на овој човек и ќе запали свеќа кога ќе се случи тоа.
„Тогаш бев дете и не можев ни да замислам што ми подготвува судбината. И денес се сеќавам на него, секогаш му палам свеќа“, додаде таа.
Покрај ова пророштво, Брена кажа и за нејзиното искуство со Баба Ванга.
-Кога пеев концерти во Бугарија, ми рекоа дека морам да одам кај Баба Ванѓа. Тоа беше време кога се плашев од иднината“, рече таа.
„Кога отидов да ја видам Баба Ванѓа, таа ми рече: „А ти ли си Лепа Брена? Пред пет години напишав во мојата книга дека ќе се појавиш и ќе се спуштиш од небото“. Баба Ванѓа ми го прорече се и на крајот сето тоа беше вистина. Отпрвин не ѝ верував, но сфатив дека се што кажува е вистина“, заклучи Лепа Брена.