Актерката Кораима Торес, попозната како Касандра, која стана популарна во деведесеттите, пристигна во Белград.
Екипата на Република била на лице место кога прославената актерка се појавила на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
-Многу сум среќна и возбудена, подготвена сум на се во Србија – кратко изјави таа при средбата со новинарите, на кој им праќала бакнежи.
Како што информираа српските медиуми претходните денови, причината за доаѓањето на латиноамериканската ѕвезда е учеството во српската серија „Играта на судбината“, каде што ќе се приклучи на тимот како гостинка. Планирано е таа да помине три дена во Србија, а секоја минута од нејзиниот престој е детално испланирана. Нејзиното гостување наводно ќе ја чини продукцијата 30.000 евра.