Полицијата информира дека вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат И.Ф.(66) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.