Бразилецот Алмир дос Сантос кој на Олимписките игри во Париз се натпреварува во трискок ја изненади својата девојка Талита Рамос, кога пред повеќе од 80.000 гледачи на стадионот „Стад де Франс“ ја запроси.
Оваа млада двојка е мошне популарни во својата земја.
Алмир и Талита која е инфлуенсерка организираа добротворни акции за настраданите по поплавите во Рио, а во Париз ги освоија и гледачите на Тв екраните кои ја следат Олимпијадата и публиката.