Кристоф С. (47), директор на реномирана германска компанија која работи ширум светот, си го одзел животот на почетокот на јули, откако неговата сопруга го обвинила дека сексуално го вознемирувал нивното тригодишно дете, пренесува телеграф.рс.
Кристоф на 3 јули околу 15 часот и 30 минути последен пат се обидел да се оправда. Тој напишал писмо до сите што ги познава, обидувајќи се да објасни дека наводите на неговата сопруга не се точни. Околу 30 часа подоцна тој замина во смрт.
-Драги пријатели, роднини, познаници. Време е да ви кажам што се случи во животот на мојата сопруга и мене летото 2022 година – стои во мејлот во кој директорот на Ото Груп се обиде да се оправда.
Кристоф во мејлот испратил и полициски извештаи и документи од судот, се со цел да докаже дека не е виновен за она за што е обвинет.
-Не го направив тоа. Ако имате какви било прашања, ве молам јавете ми се, Кристоф – беа неговите последни зборови. Точно 30 часа и 53 минути подоцна бил мртов, пишува Билд.
Во четвртокот наутро, околу 3 часот и 20 минути, со својот автомобил удрил во даб на локалниот пат во Бранденбург. Тој починал на лице место.
Според некои медиуми, тој оставил проштална белешка во автомобилот. Полицијата потврди дека се работи за самоубиство.
Медиумите пишуваат дека пеколот на Кристоф започнал во летото 2022 година, кога тој со семејството одмарал на Балтичкото Море. Недолго откако се вратил во својата вила во Берлин, полицијата дошла и го привела на распит под сомнение дека сексуално го злоставувал своето тригодишно дете.
Кристоф беше обвинет дека непримерно го допирал детето, барем така им порачала неговата сопруга на работниците од Центарот за социјална работа. Следеше истрага …
Неговиот, до вчера, идеален живот се сврте преку ноќ. Луѓето почнаа да му зборуваат зад грб, пријателите почнаа да го избегнуваат. Кристоф се обиде да се оправда пред роднините и пријателите и колегите, својата невиност ја докажа на суд.
Веднаш по пријавата му забраниле да се види со детето и морал да ја напушти семејната вила. Неговиот случај се одолговлекуваше со години пред семејниот суд во Берлин.
Две години ја докажуваше својата невиност, иако многубројните вештачења покажаа дека кај детето нема траги на сексуално насилство, па ни траума.
Дури и во февруари 2023 година, судот му препорача на Кристоф повторно да воспостави контакт со детето. Се чекаше пресудата, но Кристоф не ја доби. Тој го заврши својот живот пред судот да одлучи за неговата вина. Медиумите пишуваат дека вакви случаи не се ретки во Германија.
– Тешко е да се обезбедат објективни докази, поради што има само неколку правно обврзувачки пресуди – изјави за БИЛД познатиот лекар по судска медицина Клаус Пушел (72).
Тој додаде дека има малку научно засновани факти за зачестеноста на сексуалната злоупотреба на децата.
-Во растурените семејства релативно често се лажно обвинувани машките партнери. Се зборува дека оваа бројка е меѓу 15 и 30 отсто – вели Пушел, пренесе Телеграф.рс.