Оливер Драгојевиќ почина пред шест години, на 29 јули 2018 година на 71 годишна, а неговите песни продолжија да живеат и верната публика не го заборава.
За тоа сведочи и фактот што на манифестацијата „Патека во бескрајот“ што се одржа во неговиот роден Вела Лука на островот Корчула постхумно беше објавена уште една песна на Оливер „Вриме је“, а видеото за оваа песна беше прикажано и на публиката.
Томислав Мрдуљаш, пишува „Индекс.хр“ го најави и постхумниот албум на Оливер Драгојевиќ со 12 нови песни.
Слушнете ја песната: