Поп ѕвездата Лејди Гага со спектакуларен настап го украси отворањето на Олимписките игри во Париз, пренесува курир.рс.
Во фокусот на милиони гледачи ширум светот беше изведбата на француската песна „Mon Truc en Plume“, а она што не можеше да се види на директен пренос е несреќата која се случи за време на настапот.
Лејди Гага беше опкружена со танчери кои танцуваа на украси со розови пердуви, но еден од нив се сопна и падна за време на настапот, па се врати на танцување како ништо да не се случило.
@alexandre06340 #chute #ladygaga #jeuxolympiques #jo2024 #paris #danseur ♬ son original – alexandre06340
Друг во низата приговори во врска со настапот на Лејди Гага е тоа што нејзиниот настап бил снимен неколку часа однапред, а потоа бил емитуван во програмата за време на церемонијата.
Една од причините поради која организаторите се одлучиле на тој потег е дождот кој паѓаше во Париз за време на целата церемонија на отворање. Со оглед на тоа што Гага носеше раскошни костими полни со пердуви, тие не сакаа ништо да препуштат на случајноста, па го снимија однапред целиот настап.