Олимписките игри во Париз беа официјално отворени со спектакуларно шоу што се одржа на брегот на Сена вчера вечер.
Церемонијата започна со огномет во боите на Франција на реката Сена. На самиот почеток на отворањето, публиката ја крена на нозе мегапопуларната американска пејачка и танчерка Лејди Гага, која изведе два француски евергрини, симболичната песна од мјузиклот „Mon truc en plumes“ и песната на Едит Пјаф „ La vie en rose“.
Таа пееше на француски, а присутните ги поздрави со зборовите „Добредојдовте во Париз“. Откако се спушти по скалите, Гага свиреше на клавир и го испеа рефренот на песната.
Видеото може да го погледнете на следниов Линк.