Холивудската актерка Џенифер Анистон го критикуваше републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс за неговите коментари во кои тој ги нарече демократите „жени кои немаат деца, водат мизерен живот и се грижат за мачки“, пренесува телеграф.рс.
Актерката од серијата „Френдс (55)“ објави интервју што Венс му го дал на поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон во 2021 година и на својот Инстаграм профил напиша дека „не може да верува дека со таков став доаѓа од потенцијален потпретседател на САД. на Америка“, јави Би-Би-Си.
„Се што можам да кажам е господине Венс, се молам вашата ќерка да има среќа еден ден да има свои деца и да не мора да се сврти кон ин витро како друга опција“, напиша таа.
FEMINISM LIED TO YOUNG WOMEN!!
THE REGRET OF NOT HAVING👫👶,tears at them.
"don't submit to your husband that ❤️U, go obey your boss&$taxes"!
JA=👫less
Ignore👩🦰#CHRISTisKING
Jennifer Aniston slams J.D. Vance's viral🗣about'👫les🐱👩🦰' https://t.co/bQQu20xJRa @DailyMailCeleb
— Erin Schmitt (@ErinSchmit22385) July 25, 2024
Актерката и претходно отворено зборуваше за нејзините борби да има деца преку ИВФ.
Минатиот месец, Венс гласаше за блокирање на легислативата предложена од демократите што ќе го опфати пристапот до ин витро на национално ниво.