Лишен од слобода бил жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет. Во друг случај, ваташанец испукал два куршуми од гасен пиштол во Кавадарци. За двата настана од вчера, денеска информираа од СВР Велес.
– Вчера во 16:20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.А.(28) од неготинско село, по претходна пријава од неговиот 22-годишен брат, дека во семејниот дом додека имале вербална распарвија, С.А. му се заканувал со остар предмет. С.А. бил задржан во полициска станица, предметот бил одземен и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.
Оттаму соопштија дека претходно, во 16:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.П.(22) од село Ваташа, кавадаречко.
-На улица „Илинденска“ во Кавадарци, додека се превезувал со патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(22) од Кавадарци, преку прозорецот од возилото испукал два куршума од гасен пиштол. Во возилото бил пронајден и одземен пиштолот и неиспукани куршуми кои ги поседувал без одобрение, а биле пронајдени и подигнати и испуканите чаури. По документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес