Придобивките од конзимирањето на дињата ни се познати -дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го подобруваат здравјето на срцето.
Една порција диња од 150 грама содржи: 53 калории, 0,3 g масти, 13 g јаглени хидрати, 1,4 g влакна, 30% од дневната количина на витамин А, 78% од дневната количина на витамин Ц. Ова летно овошје освежува и е вистински благодет за целиот организам.
Но, многумина не знаат дека и семките треба да се конзумираат, можат да помогнат кај некои заболувања. Тие содржат протеини, влакна и омега-3 масни киселини во форма на алфа-линоленска киселина.
Семките од диња особено се препорачуваат за бубрежни заболувања, особено за камења. Семките од диња имаат ефект на ладење и се идеални за консумирање во текот на летото. Во Индија, мелените семки од диња се додаваат во ласи (пијалак од јогурт) и тандаи (ладно зачинето млеко), а цели семки во слатките и во алва.
Овошјето, семките и маслото од семките од диња се древна медицинска алатка за лекување на разни заболувања како кашлица, температура, паразити, стомачни, дигестивни, бубрежни и уринарни нарушувања. За искашлување се користи чај од цвет од диња.