Бугарскиот фудбалер Георги Јомов не е веќе во врска со поп-фолк пејачката Арија, бидејќи има нова девојка од Македонија, пишуваат бугарските медиуми.
Тој на својот личен профил на Инстаграм тој споделил фотографии со новата дама и од неговата објава станува јасно дека двајцата се на одмор во Варна, а на фотографијата Јомов ја прегрнал својата сакана на плажа, а под неа ставил заклучен катанец, пишува факти.бг.
За да ја сокрие својата девојка од зли очи, тој не ја обележил во објавата, но тие откриле дека станува збор за Александра Накова, која има над 25.000 следбеници на Инстаграм и редовно ја разгорува фантазијата со провокативни фотографии во костими за капење.
Телеграф објавиле и дека Александра е мајка на 9-годишно девојче и сопственичка на онлајн продавница за облека.
Фудбалерот не се штедел за да ја импресионира својата партнерка, парот престојувал во еден од најскапите хотели во Варна, каде ноќевање со пет ѕвезди чини околу 800 лева од ноќ, односно скоро 400 евра.
Двајцата излегувале во некои од најскапите ресторани во градот и околината, а очевидци велат дека не престануваle да се гушкаат и бакнуваат на јавни места.
ММС ја побара Александра за коментар, но не одговори. И Александра на својот Инстаграм профил веќе има објавено заедничка фотографија со фудбалерот, но и таа не го означила.