Актерот од Пиратите од Карибите, Тамајо Пери, почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи во неделата попладне, пренесува данас.рс.
Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13 часот по локално време.
Во меѓувреме, тој беше извлечен од водата со помош на џет ски, но лекарите можеа само да ја потврдат смртта на 49-годишниот Пери, кој исто така бил спасувач.
Пери глумеше во Пиратите од Карибите: На чудни плими, четвртиот дел од популарната филмска серија. (Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides)
Вршителот на должноста шеф за безбедност на океанот во Хонолулу, Курт Лагер, рече дека Пери е „спасител што сите го сакаа“.
„Неговиот карактер и став беа заразни – колку што луѓето го сакаа него, тој ги сакаше уште повеќе“, додаде тој.
Градоначалникот Рик Бланџарди рече дека смртта на Пери била „трагична загуба“.
„Тамајо беше легендарен спасител и добро почитуван, тој порасна овде и беше одличен член на нашиот тим за безбедност на пливачи и сурфери“.