На 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота) по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
-Од 06.00 часот денес (21.06.2024) и утре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска”, лево по ул.„Александар Урдаревски”, лево по ул.„Боца Иванова” и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова”, до кружниот тек на ул.„Бутелска”, па лево по ул.„Бутелска” и десно по ул.„Кемал Сејфула”, информираа од МВР.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.