„Следна станица Париз“, филмот кој е создаден со помош на вештачка интелигенција треба да ја има својата премиера летово.
Приказната го следи патувањето на девојката Клер до Париз, откако ќе биде оставена пред олтарот. Таа запознава мистериозен маж во возот, а нивната љубовна приказна започнува кога заедно ќе одат да ја истражуваат француската престолнина.
Според првичните реакции се чини дека трејлерот не ги возбуди гледачите кои ја критикуваат употребата на вештачка интелигенција и визуелниот стил.
„Изгледа дека вештачката интелигенција не го добила белешката за правење одличен филм!“, се вели во еден од коментарите, но еве погледнете и уверете се сами колку е убедлива љубовната приказна на вештачката интелигенција.