Сезоната на јагодите е во полн ек, што е прекрасна вест за сите љубители на ова овошје. Додека повеќето уживаат во јагодите, едно момче одлучило да направи вистински предизвик од тоа.
На социјалните мрежи се шири видео кое веќе стана вирален хит. Имено, тиктокерот @wallywhatthe неодамна се пофали колку јагоди успеал да изеде. Во видеото кое има над 226 милиони прегледи, тој објасни дека ставил јагоди во сад од 100 литри и почнал да ги јаде една по една.
По 12 часа, како што тврди тој, успеал да ја изеде и последната јагода од садот. Со оглед дека видеото има милионски број бпрегледи, бројни се и лајковите и коментарите.
Додека некои се шегуваа на негова снимка пишувајќи „се зборува дека утредента си се претворил во јагода“, други изразија сомнеж во автентичноста на неговиот подвиг прашувајќи се дали навистина изел толку многу јагоди. Но без оглед на вистинитоста, оваа снимка дефинитивно привлече големо внимание и покажа колку далеку може да отидат луѓето за малку слава на интернет.