Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, пејачи, водители и актери како на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои пеат некоја песна.
Всушност станува збор за најновиот сингл на дуото – ДНК која носи наслов „Животе брате, а на која како гости учествува кралот на фолк-музиката Наум Петрески и светски познатиот, а сепак наш Џамбо Агушев.
По сѐ изгледа ова е уште една песна на ДНК која има голем потенцијал да стане химна на народот, односно како што е нивната „Ако утре ме нема“.
Панчо и Андреј велат дека во „Животе брате“ метафорично преку обрќање на небото/Бога, се обраќаат на животот.
„Животе брате, брате, дај насмевни се. Животе брате, брате дај смилувај се. Животе брате да запееме, Еднаш живееме – се пее во рефренот на оваа песна, а тоа се зборови кои токму Андреј и Панчо ги порачуваат на сите нас.
-Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа – велат момците од ДНК.
Инаку како и за останатите „чеда на ДНК, така и за оваа тие снимија одличен видеоспот со многу статисти и пријатели, а како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски. Авторскиот тим е идентичен, Лазар Цветкоски се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, музиката заедничка, додека делот на трубите самиот Џамбо Агушев.
Погледнете и уживајте: