Марија Шерифовиќ вчера го крстила својот наследник Марио во црквата Свети великомаченик Димитриј во Белград, пишува Блиц.
Пејачката решила да избере посебен датум за овој важен чин, а тоа е денот на семејната слава, Свети Василиј Острошки.
Шерифовиќ не сакала јавно да го одбележи овој настан, ги собрала само луѓето од најтесниот круг, кои потоа ги однела на свечен ручек.
Марија Шерифовиќ минатата година го доби наследникот Марио со помош на сурогат мајка.